• недела, 22 декември 2024

УЕФА ја демантира Унгарија и се закани со санкции

УЕФА ја демантира Унгарија и се закани со санкции

Нион, 22 март 2023 (МИА) – УЕФА денеска експресно ги демантираше тврдењата на Унгарската фудбалска федерација дека дала дозвола за користење навивачки знамиња со карта на „Голема Унгарија“ и притоа се закани со можни санкции.

„На наше изненадување, во медиумите пронајдовме информација дека УЕФА дозволила користење на такво знаме или транспарент на своите натпревари. За да избегнеме какви и да е несогласувања, сакаме да појасниме дека УЕФА тоа никогаш не го дозволила“, соопшти Европската куќа на фудбалот.

УЕФА најави санкции доколку на натпреварите на унгарската репрезентација се појават знамиња со карта на „Голема Унгарија“.

„Употребата на такви транспаренти или знамиња може да доведе со дисциплински мерки. Затоа, топло ви препорачуваме да преземете соодветни мерки за да спречите појавување на овие знамиња/банери на натпреварите“, предупреди УЕФА.

Реакцијата доаѓа откако претходно денеска Унгарската фудбалска федерација (МЛСЗ) соопшти дека добила дозвола од УЕФА и организацијата ФАРЕ да го користи знамето на таканаречената „Голема Унгарија“ на натпреварите од квалификациите за ЕУРО2024.

Унгарската федерација објави дека навивачите ќе можат да ги користат овие знамиња на трибините, бидејќи УЕФА и ФАРЕ оцениле дека не станува збор за политички симбол.

На знамињата е исцртана карта која ја претставува територијата на поранешна Унгарија, чии делови денес се наоѓаат во границите на Србија, Словенија, Романија, Украина, хрватска, Словачка и Австрија.

Унгарија во евроквалификациите е во група со Србија, Црна Гора, Бугарија и Литванија. ег /сд/

Остани поврзан