• петок, 22 ноември 2024

УЕФА: Финалето на Лигата на шампиони 2027, сепак, нема да се игра во Милано

УЕФА: Финалето на Лигата на шампиони 2027, сепак, нема да се игра во Милано


Прага, 24 септември 2024 (МИА) – Финалниот натпревар од елитната фудбалска Лига на шампиони во 2027 година нема да се одигра на миланскиот стадион „Сан Сиро“ како што првично беше планирано, соопшти вечерва Европската фудбалска организација (УЕФА).
Одлуката е донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Прага, откако градот Милано не доставил гаранција дека реновирањето на стадионот и неговата околина навреме ќе биде завршено.
УЕФА најави дека одлуката во кој град и стадион ќе се игра финалето од Лигата на шампиони во 2027 година ќе биде донесена идниот мај или јуни.
Финалето на тековната сезона во Лигата на шампиони ќе се одржи на „Алијанц Арена“ во Минхен на 31 мај следната година, додека Будимпешта ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони во 2026. ег

ФОТО: Икс

 

Остани поврзан