• вторник, 26 ноември 2024

УЕФА може да ја отстрани Осасуна од Конференциската лига поради местење натпревари во сезоната 2013/14

УЕФА може да ја отстрани Осасуна од Конференциската лига поради местење натпревари во сезоната 2013/14

Нион, 7 јуни 2023 (МИА) - Осасуна може да добие забрана за учество во европските натпреварувања.

 

Според радио „Cadena SER“ УЕФА ја разгледува опцијата за отстранување на шпанскиот клуб од следната сезона на европските натпреварувања. Сојузот отвори случај против „Црвените“.

 

Ова се должи на наводната организација на местење натпревари во сезоната 2013/14 - се верува дека тогашниот претседател на Осасуна, двајца директори на клубот и еден менаџер постигнале економски договор со Бетис. Тимот од Севиља требаше да го совлада Ваљадолид и да загуби од самата Осасуна. За ова клубот од Памплона на Бетис му плати 400.000 евра + 200.000 евра.

 

Во сезоната 2022/23, Осасуна заврши на 7. место во Ла Лига, што им дава право на учество во Конференциската лига. Доколку УЕФА го отстрани клубот, тогаш Атлетик ќе учествува во европскиот куп, завршувајќи на 8. место во првенството. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан