• вторник, 24 декември 2024

Угостителите во Франција се подготвуваат за утрешното повторно отворање на локалите

Угостителите во Франција се подготвуваат за утрешното повторно отворање на локалите

Париз, 1 јуни 2020 (МИА) – Француските угостители се подготвуваат за повторно отворање на нивните локали, предвидено со втората фаза за излегување од изолацијата воведена поради епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Санитарните мерки се драстични.

Растојанието од еден метар треба да биде задолжително помеѓу клиентите. На една маса можат да седат најмногу 10 лица.

Секоја маса мора да ја послужува ист член на персоналот, кој мора да ги мие рацете на секои 30 минути или да носи ракавици.

Угостителите ќе бидат наведени да фаворизираат мени во дигитален формат, на пример со скенирање на QR-код или да го претставуваат менито усно на доволно растојание. Доколку треба да допрат хартија, клиентите ќе треба да ги дезинфицираат своите раце на крајот од нарачката.

Бифеата ќе бидат дозволени, но под резерва на почитување на насока на движење  и ознаки на теренот.

Безбедносните растојанија, исто така, мора да се почитуваат во редиците за одење во тоалет.

Во Париз, на угостителите им е дозволено само користење на терасите, но не и на  затворениот дел на локалите. Некои од нив побрзаа да ги отворат терасите уште минатиот викенд, но силите на редот ги затворија. тг/

Остани поврзан