• петок, 22 ноември 2024

Уганда ќе ја скрати учебната година за две недели за да го ограничи ширењето на еболата

Уганда ќе ја скрати учебната година за две недели за да го ограничи ширењето на еболата
Кампала, 8 ноември 2022 (МИА) - Уганда ќе ја скрати учебната година за две недели во обид да се ограничи секојдневниот контакт меѓу учениците и со тоа да го ограничи ширењето на еболата, соопшти министерката за образование на таа африканска држава. Властите се борат да го сузбијат ширењето на многу заразната и смртоносна хеморагична треска ебола. Епидемијата го зафати главниот град Кампала, со население од околу два милиони луѓе. Според податоците на Министерството за здравство, до вчера во Уганда се потврдени 135 случаи на зараза и 53 смртни случаи. Министерката за образование Џенет Катаха Мусевени рече дека владата одлучила да ги затвори градинките, основните и средните училишта на 25 ноември, бидејќи полните училници претставуваат ризик од ширење на вирусот. Студентите во Уганда моментално се во третиот и последен рок од календарската година, на крајот од кој одат на испити. Кај децата има осум смртни случаи од 23 потврдени. Суданскиот вид на ебола циркулира во Уганда, за кој нема вакцина. паг/

Остани поврзан