• петок, 22 ноември 2024

Уганда: Гром усмрти 14 лица во бегалски камп

Уганда: Гром усмрти 14 лица во бегалски камп

Кампала, 3 ноември 2024 (МИА) - Четиринаесет лица загинаа, а 34 се повредени кога гром удри во бегалски камп на северот од Уганда, соопшти денеска локалната полиција.

Несреќата се случила денеска во оддалечениот округ Ламво. Портпаролот на полицијата изјави дека жртвите сè уште не се идентификувани.

Жителите на кампот Палабек, каде што претежно се сместени бегалци од Јужен Судан, присуствувале на молитва во импровизирана метална градба кога громот удрил во неа.

Полицијата информира дека нема извештаи за избувнување на пожар по несреќата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан