• петок, 05 декември 2025

Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци 

Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци 

Кавадарци, 27 август 2025 (МИА) - Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.

- Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот, појасни докторот за МИА. свд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан