• сабота, 23 ноември 2024

Убиени над 500 цивили во првите три месеци од годинава

Убиени над 500 цивили во првите три месеци од годинава
Њујорк, 27 април 2020 (МИА) - Повеќе од 500 цивили биле убиени во Авганистан во првите три месеци од годината, откако насилството продолжи по договорот меѓу САД и талибанските бунтовници за повлекување на странските сили од земјата, соопштија денеска ОН. Во првите три месеци од годината во судири загинале 1.293 цивили, а меѓу нив има и 152 деца и 60 жени, се наведува во извештај на мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА). Насилството ескалираше по 29 февруари, кога беше потпишан договор меѓу САД и талибанските бунтовници за повлекување на американските сили во замена за гаранција за безбедност. Договорот вклучуваше обврска на талибанците и авганистанската Влада да направат напори за постигнување мир. - Во извештајот се забележува вознемирувачко зголемување на насилството во текот на март, во период кога постоеја големи надежи дека авганистанската Влада и талибанците ќе започнат мировни преговори, но исто така ќе се најде начин и за намалување на конфликтите и заштита на Авганистанците од Ковид-19, соопшти УНАМА. И покрај ова, бројот на жртви во првите три месеци од оваа година беше најмал од 2012 година. гт/

Остани поврзан