• сабота, 05 октомври 2024

Убедлив пораз за македонските одбојкари од грчката селекција на турнирот „Чајка“

Убедлив пораз за македонските одбојкари од грчката селекција на турнирот „Чајка“

Скопје, 20 август 2023 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Грција со 0:3, по сетови 23:25, 22:25 и 16:25.

 

За избраниците на селекторот Јошко Миленковски ова е втор пораз во третиот настап на годинашното издание од Меморијалниот турнир по што завршија на последното, 4. место. 

 

На првиот денешен натпревар Б-селекцијата на Јапонија го победи Египет со 3:1. 

 

Грција со биланс две победи и еден пораз е победник на 47-то издание на „Чајка“,  Јапонија-Б е второпласирана, Египет е трет.

 

За најкорисен одбојкар на турнирот (МВП) е прогласен капитенот на македонската репрезентација Никола Ѓоргиев. зс/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан