• понеделник, 23 декември 2024

Уапсен охриѓанец осомничен за уцена и изнуда

Уапсен охриѓанец осомничен за уцена и изнуда

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Постапувајќи по претходно испратена телеграма од ОВР Кочани во врска со извршени кривични дела „уцена“ и „изнуда“, полицијата од Охрид во содејство со Одделот за криминалистичка полиција и во координација со СВР Штип денеска на Меѓуградската автобуска станица во Охрид го лишиле од слобода Б.П.(37) од Охрид.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на автобуската станица тој ја подигнал пратката наменета за него во која имало 300 евра во апоени од по 50 евра, кои претходно биле криминалистичко – технички обработени по наредба на ОЈО Кочани.

- По претходно добиена наредба од судија за претходна постапка од Охрид, извршен е претрес врз лицето, при што се пронајдени банкнотите. Исто така, со судска наредба е извршен претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека по целосно документирање на случајот, а во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.ар/ев/
Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан