• понеделник, 23 декември 2024

Уапсен еден од водечките унгарски бизнисмени

Уапсен еден од водечките унгарски бизнисмени
Будимпешта, 17 декември 2020 (МИА) - Унгарскиот бизнисмен Ласло Биѓе денеска е уапсен под сомнение дека сторил повеќе кривични дела, меѓу кои измама и малверзација вредна две милијарди форинти (5,6 милиони евра). Биѓе е на десетто место во Унгарија по своето богатство, што е проценето на 385 милиони долари. Тој е сопственик на неколку големи фирми, од кои најважна е „Нитродјенмувек“. Унгарското Јавно обвинителство соопшти дека „инцирало апсење на човек поради корупција вредна 800 милиони форинти (2,2 милиони евра), кој незаконски земал две милијарди форинти од својата компанија. Јавното обвинителство не го откри идентитетот на Биѓе, а неговиот син Золтан, главен стратег во „Нитродјенмувек“, потврди дека неговиот татко е во притвор. Компанијата „Нитродјенмувек“ соопшти дека обвиненијата се „целосно неосновани“. - „Нитродјенмувек“ ќе ги преземе сите легални средства да се одбрани себе и Ласло Биѓе против неправедните обвинувања на сметка на компанијата. Мотивот е јасен, да се заплаши и омаловажи нашиот директор Ласло, се наведува во соопштението од „Нитродјенмувек“. На Биѓе му се заканува затворска казна од пет до 10 години затвор. ми/

Остани поврзан