• вторник, 02 јули 2024

Уапсени двајца Турци осомничени за шпионажа на воени објекти на грчкиот остров Порос

Уапсени двајца Турци осомничени за шпионажа на воени објекти на грчкиот остров Порос

Атина, 18 септември 2023 (МИА) – Двајца Турци биле уапсени во Грција под сомнение дека со помош на дрон шпионирале објекти на воената морнарица на грчкиот остров Порос, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, турските државјани во саботата наутро кренале дрон над воените објекти, а кусо подоцна го напуштиле островот.

Весникот „Катимерини“ објави дека по потрагата биле пронајдени и уапсени, додека пак според грчката телевизија „Скај“, надлежните го оцениле случајот како особено сериозен, а истрагата ја презела Националната служба за разузнавање. ср/мс/

Остани поврзан