• среда, 17 јули 2024

ТХП: Треба да се подобри политичкото претставување на турската заедница

ТХП: Треба да се подобри политичкото претставување на турската заедница
Скопје, 31 октомври 2022  Партијата за движење на Турците - ТХП вчера вечер во Скопје одбележи 23 години од основањето. На свечениот прием учествуваа претставници на централната власт, коалиционите партнери, дипломати, како и личности од јавниот живот. Во своето обраќање претседателот на ТХП Енес Ибрахим истакна дека особено во последната деценија од своето делување ТХП покажа огромна државничка улога играјќи активна улога во евроинтеграциските процеси. Ибрахим исто така изнесе дека има потреба од подобрување на политичката претставеност на Турците во Северна Македонија, но изрази верба дека токму оваа коалиција има капацитет да го оствари тоа. Во рамките на свеченоста беше претставена и новата химна на ТХП, кое е дело на познатиот турски музичар Али Алтај. Партија за движење на Турците ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан