• недела, 12 мај 2024

ТФТ поразен од Хелиос во АБА 2 лигата

ТФТ поразен од Хелиос во АБА 2 лигата

Златибор, 19 ноември 2023 (МИА) – Кошаркарите на скопски ТФТ Моцарт го претрпеа четвртиот пораз во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва загубија во рамки на 5. коло од словенечкиот противник Хелиос Домжале со 73-60 (33-40).

Македонскиот тим на полувремето имаше седум поени предност, која противникот ја анулираше во третата четвртина.

ТФТ во неколку наврати ја врати предноста во последниот период, но кошаркарите на Хелиос беа поконцентрирани во завршницата и на крајот му го нанесоа четвртиот пораз во петтиот натпревар на македонскиот претставник.

Најефикасен во редовите на ТФТ беше Џелани Симонс со 21 поени.

Битолски Пелистер вечерва за противник го има домаќинот на турнирот Златибор, додека МЗТ Скопје Аеродром во рамки на 5. коло вчера беше поуспешен од бањалучки Борац со 67-61. ег/сх/ 

Фото: КФСМ

Остани поврзан