• среда, 03 јули 2024

Тухел со амбиции да седне на тренерското место во Реал или Барселона

Тухел со амбиции да седне на тренерското место во Реал или Барселона

Берлин, 21 јануари 2023 (МИА) - Германскиот фудбалски стручњак Томас Тухел сака да работи во шпанското првенство, тврди инсајдерот Флоријан Плетенберг.

Според него, Тухел во иднина планира да ги води Барселона или Реал Мадрид. Поради ваквата цел, тренерот веќе се зафатил со изучување на шпанскиот јазик.

Исто така, како опција за следен клуб, Тухел ја разгледува и работата во Јувентус.

Последен клуб на Германцеот беше Челзи. зс/

Остани поврзан