• среда, 02 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Турција ќе именува воен аташе во Сирија

Турција ќе именува воен аташе во Сирија

Анкара, 13 февруари 2025 (МИА) - Турското Министерство за одбрана наскоро ќе именува воен аташе во Сирија, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

- Наскоро ќе именуваме воен аташе во Дамаск, изјавил претставник на турското Министерство за одбрана, пренесува телевизискиот канал.

Од Министерството нагласуваат дека „Турција продолжува да ги поддржува новите власти во Сирија и нејзиниот народ“.

- Наш приоритет е да ја исчистиме Сирија од терористички организации. За ова прашање постои консензус меѓу нашата земја и новата сириска администрација, посочил изворот.

Претставникот на турското Министерство за одбрана додал дека турските вооружени сили остануваат присутни во Сирија, со цел да ја обезбедат безбедноста на границите и да ја продолжат борбата против терористичките групи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан