• понеделник, 23 декември 2024

Турција ќе го тужи Шарли Ебдо

Турција ќе го тужи Шарли Ебдо
Анкара, 28 октомври 2020 (МИА) - Турција ќе подигне тужба и ќе преземе одредени дипломатски чекори откако францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо на насловната страница објави карикатура со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, најави денеска турскиот Директорат за комуникации. Туските државни медиуми објавија дека Обвинителството на Турција поренало истрага против уредниците на Шарли Ебдо. - Нашите луѓе не треба да се сомневаат дека ќе ги преземеме сите легални и дипломатски чекори против спорната карикатура. Нашата борба против овие некултурни, злонамерни и навредливи работи ќе оди до крај, многу сме одлучни во тоа, се наведува во соопштението на Директоратот. Претходно, високи турски владини претставници ја осудија карикатурата на Ердоган, истакнувајќи оти е „одвратен обид за ширење на културен расизам и омраза“. На насловната страница на Шарли Ебдо, Ердоган седи во бела кошула и долна облека, држи пијалак и го подигнува здолништето на жена во хиџаб, на која и се гледа задникот. ми/

Остани поврзан