• петок, 20 декември 2024

Турција воведе увозни царини на житарки од 130 отсто

Турција воведе увозни царини на житарки од 130 отсто

Анкара, 25 април 2023 (МИА) - Турција воведе увозни царини од 130 отсто на некои житарки, вклучително и пченица и пченка, според одлуката објавена денеска од претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Увозните давачки доаѓаат откако некои земји од ЕУ објавија забрана за увоз на жито од Украина минатата недела. Но, некои трговци тврдат дека потегот на Турција главно има за цел да ги придобие локалните земјоделци пред претседателските и парламентарните избори на 14 мај, пренесуваат турските медиуми.

Според сегашните правила, увозот на пченица, јачмен, 'рж, овес и пченка е ослободен од царина до 30 април. Со одлуката, која стапува на сила на 1 мај, ќе се воведе царина од 130 отсто за увоз на жито.

Во Турција жетвата на пченицата и јачменот започнува во мај.

Турција ги намали увозните тарифи за житарици и други земјоделски производи по пандемијата кон крајот на 2020 година и ги укина пред околу една година. паг/

 

 

 

Остани поврзан