• среда, 20 ноември 2024

Турски суд нареди ослободување на новинарот Ахмет Алтан

Турски суд нареди ослободување на новинарот Ахмет Алтан
Истанбул, 14 април 2021 (МИА) – Висок турски суд денеска нареди ослободување на познатиот новинар и писател Ахмет Алтан, чие затворање во врска со неуспешниот обид за државен удар во 2016 година редовно го критикуваат организациите за човекови права. Турскиот касационен суд ја поништи пресудата за Алтан за повеќе од 10 години затвор „поради помагање на терористичка организација“, изречена во 2019 година и нареди негово ослободување, јави Бета повикувајќи се на турската агенција Анадолија. Европскиот суд за човекови права вчера остро ја осуди Турција за притворањето на новинарот. Алтан (71) беше осуден на доживотен затвор во февруари 2018 година за „обид за уривање на уставниот поредок“, но Касациониот суд ја поништи таа пресуда. На повторното судење во ноември 2019 година, Алтан беше осуден на десет и пол години затвор за поврзаност со „терористичка група“. Турското правосудство го товари за поврзаност со движењето на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кога Анкара го обвинува дека стои зад обидот за државен удар во 2016 година, што Ѓулен го негира. Алтан, кој го основаше опозицискиот весник Тараф, се прослави надвор од Турција со книга за животот во затвор. Тој е почитуван интелектуалец во Турција, и отсекогаш негираше вмешаност во обидот за државен удар, отфрлајќи ги обвинувањата како „гротескни“. јт/

Остани поврзан