• петок, 05 декември 2025

Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар - Кичево

Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар - Кичево

Скопје, 18 септември 2025 (МИА) - Турски државјанин се здобил со повреди при извршување градежни работи во државава.

- Вчера во 15:55 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, од приватна болница во градот е пријавено дека кај нив со повреди е донесен 46-годишниот М.А. од Република Турција, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за приватна фирма на автопатот Гостивар - Кичево.

Се работи на расчистување на случајот. бд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан