Турски воени авиони повторно го прекршиле грчкиот воздушен простор
- Без претходно да достават план на летање, турски воени авиони Ф-16 денеска повторно го прекршиле грчкиот воздушен простор, јави дописничката на МИА од Атина.
![Турски воени авиони повторно го прекршиле грчкиот воздушен простор](https://new.mia.mk/images/20221103164625_big_730x400_14.webp )
Атина, 2 јануари 2020 (МИА) - Без претходно да достават план на летање, турски воени авиони Ф-16 денеска повторно го прекршиле грчкиот воздушен простор, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, турските авиони четири пати прелетале над островите Панаја и Инусес во 9.47, во 13.29. 13.30 и 13.33 часот по локално време.
Турските авиони биле препознаени и пресретнати од грчките воени авиони. ср/