• петок, 05 декември 2025

Турските власти запленија 825 килограми хероин во операција во Адана

Турските власти запленија 825 килограми хероин во операција во Адана

Анкара, 2 јули 2025 (МИА) - Специјализирана операција против трговија со дрога во Турција резултираше со запленување на 825 килограми хероин и апсење на 30 лица, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на својата Фејсбук страница.

Операцијата беше спроведена во седум градови во покраината Адана. За време на операцијата беа претресени 38 адреси.

Покрај големата количина дрога, истражителите запленија и нелегално поседувано оружје и голема количина дигитални материјали. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан