• четврток, 10 октомври 2024

Турска државјанка обвинета за употреба на фалсификуван бугарски пасош на скопскиот аеродром

Турска државјанка обвинета за употреба на фалсификуван бугарски пасош на скопскиот аеродром
Скопје, 23 март 2021 (МИА) - Јавното обвинителство поднесе обвинение за фалисификување исправа против 19-годишна турска државјанка која на граничната пасошка контрола на скопскиот аеродром употребила фалисификувана бугарска патна исправа. - На 16 март, на Меѓународниот аеродром Скопје, при обид да ја помине пасошката контрола за летот кон Лондон-Лутон, таа употребила фалсификувана бугарска патна исправа. Употребениот пасош се разликувал од оригиналниот примерок на патна исправа издадена од Република Бугарија по однос на повеќе заштитни знаци, се вели во соопштението од Јавното обвинителство. При проверка на личниот багаж на обвинетата било утврдено дека таа поседува оригинална турска лична карта од која бил утврден нејзиниот идентитет.​ сст/сп/

Остани поврзан