Турската компанија Cavo Otomotiv ќе инвестира во ТИРЗ Тетово, ќе се отворат над 400 нови работни места
- Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Гоце Димовски денеска остварил средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на компанијата Cavo Otomotiv која планира да отвори фабрика во ТИРЗ Тетово. На средбата, како што соопшти прес-службата на ТИРЗ, се разговарало за текот на инвестицискиот проект кој би требало да отвори над 400 нови работни места, за потенцијалите што ги нудат зоните, како и за условите и поддршката што државата ги обезбедува за инвеститорите. Од страна на компанијата Cavo Otomotiv било изразено задоволство од досегашната комуникација и соработката со институциите, како и интерес за навремена реализација на инвестицијата.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.