• петок, 22 ноември 2024

Турк ужаснат од уништувањето на болниците „Насер“ и „Ал Шифа“ во Појасот Газа и од масовните гробници во нив

Турк ужаснат од уништувањето на болниците „Насер“ и „Ал Шифа“ во Појасот Газа и од масовните гробници во нив

Женева, 23 април 2024 (МИА) - Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк денеска изјави дека е „згрозен“ од уништувањето на медицинските установи Насер и Ал Шифа во Газа и извештаите за откриени масовни гробници во нив.

Британските медиуми наведуваат дека во обраќање на брифинг во ОН, Тирк исто така, ги осуди израелските напади врз Газа во последните денови, во кои, како што рече, загинаа главно жени и деца.

Тој, исто така, го повтори предупредувањето против акцијата во Рафа, изјавувајќи дека тоа може да доведе до „нови злосторства“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан