• понеделник, 23 декември 2024

Турк побара меѓународна истрага за прекршувањата на војната меѓу Израел и Хамас

Турк побара меѓународна истрага за прекршувањата на војната меѓу Израел и Хамас

Њујорк, 16 ноември 2023 (МИА) - Шефот на ОН за човекови права Волкер Турк денеска ги осуди сериозните наводи за кршење на меѓународното право во конфликтот меѓу Израел и Хамас, укажувајќи дека е потребна меѓународна истрага.

„Екстремно сериозните обвинувања за повеќекратни и длабоки прекршувања на меѓународното хуманитарно право, кој и да ги изврши, бараат ригорозна истрага и целосна одговорност“, рече Волкер Турк на брифингот за ситуацијата до земјите-членки на ОН.

Тој додаде  дека е „потребна меѓународна истрага“. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан