• понеделник, 23 декември 2024

Туристичка кампања за промоција на грчките острови погодени од мигрантските и бегалските бранови

Туристичка кампања за промоција на грчките острови погодени од мигрантските и бегалските бранови
Атина, 17 јули 2020 (МИА) - Зајакнување на сликата на грчките острови погодени од бегалската и мигрантската криза е целта на туристичката кампања на Грчката туристичка организација, а финансиски поддржана од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Кампањата за промоција на Лезбос, Самос, Хиос, Лерос и Кос, како во внатрешноста на земјата, така и во странство, а во висина од два милиони евра, ја испраќа пораката дека секој остров е посебен, со своја уникатна приказна. - Лезбос се поврзува со традицијата, Хиос со истражувањето, Самос со природата и светлината, Кос со историјата, а Лерос со бескрајното синило, соопштуваат од министерствата за туризам и за миграција и азил во врска на новата кампања. ср/гт/

Остани поврзан