• петок, 22 ноември 2024

Тупанчески и Нухиу во работна посета на Тирана

Тупанчески и Нухиу во работна посета на Тирана
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески и заменик министерот за правда Агим Нухиу, утре и задутре ќе престојуваат во работна посета на Тирана. Како што најавија од Министерството за правда, тие ќе се остварат средби со министерот за правда на Република Албанија, Улси Мања и со Васил Стејроски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција. Целта на посетата, се наведува во соопштението, е почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ и реформите во правосудниот систем на двете држави. цр/дма/

Остани поврзан