• петок, 22 ноември 2024

Тупанчески го информираше заменик-шефот на делегацијата на ЕУ, Васало, за процесот на скрининг

Тупанчески го информираше заменик-шефот на делегацијата на ЕУ, Васало, за процесот на скрининг
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Евроинтеграцискиот процес и одвивањето на скринингот биле теми на разговор на денешната средба на министерот за правда Никола Тупанчески и заменик-шефот на делегацијата на ЕУ, Џулијан Васало. - Тупанчески го информираше Васало за активностите кои ги презема Министерството за правда во делот на реформите на судството и законодавната агенда. Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“ e клучно во преговарачкиот процес. Нашата држава останува да биде максимално посветена во исполнувањето на обврските со цел да се овозможи напредок, владеење на правото, функционални институции, информираат од Министерството за правда. Тупанчески на средбата порачал дека би било добро во рамките на Министерството за правда да се формира посебна група која ќе биде фокусирана на преговарачкиот процес. Заменик-шефот на делегацијата на ЕУ бил информиран за подготвката на новата стратегија за правосудниот сектор со Акциски план 2023-2027, како и за законодавната агенда. Воедно му било укажано дека во собраниска постапка се законите за Академија на судии и јавни обвинители, за граѓанска одговорност, за адвокатура, за парнична постапка, за измени на Кривичниот законик. Во фаза на изготвување се Кривичниот законик, како и законите за кривична постапка, за помилување, за амнестија, за управување со конфискуван имот, за вештачење. Во текот на годинава ќе следат избори на судии и обвинители со што ќе се зајакнат капацитетите. Шефот на делегацијата на ЕУ, Џулијан Васало, на средбата истакнал дека ќе продолжи поддршката во евроинтеграцискиот процес, а соработката ќе се интензивира и во наредниот период. дма/са/  

Остани поврзан