• петок, 08 ноември 2024

Тупанчески - Бомгартнер: Владеењето на правото и спроведувањето демократски принципи клучни на реформскиот пат

Тупанчески - Бомгартнер: Владеењето на правото и спроведувањето демократски принципи клучни на реформскиот пат
Скопје, 23 февруари 2022 (МИА) - Соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, напредокот во спроведувањето на реформската агенда и приоритетите на Министерството за правда опфатени со новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор 2023-2027 година, биле темите на кои разговарале на денешната средба министерот за правда Никола Тупанчески и амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер. Министерот Тупанчески упатил честитка за претседавањето на Франција со Советот на ЕУ, ја нагласил европската определба на Северна Македонија и очекувањата дека ќе се потврди посветеноста на Франција за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, што е голема важност за европските перспективи за земјите од регионот. На средбата, соопштија од Министерството за правда, Тупанчески ја потенцирал круцијалната улога на Министерството за правда во спроведувањето на реформите од поглавјето 23 во пристапните преговори со Европската Унија, укажувајќи дека неопходно е спроведувањето на демократските принципи и владеењето на правото на реформскиот пат и оти судските реформи од една страна мора да обезбедат независност и непристрасност на судството, но од друга страна и негова одговорност. Тема на разговор биле и приоритетите на Министерството за правда во следниот период со фокус на законодавната агенда и новите законски решенија на кои се работи во моментот, потенцирајќи го годишниот Извештај на Европската комисија како водилка во овој процес, особено во спроведувањето на препораките во Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“. Амбасадорот Бомгартнер ја поздравил нашата европска определба и посветеноста во реализацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 за поглавјето 23, како и зајакнувањето на независноста на судството и ја изразил својата отвореност за давање стручна поддршка и продлабочување на соработката. цр/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан