• сабота, 21 декември 2024

Туниската крајбрежна стража спаси 450 мигранти

Туниската крајбрежна стража спаси 450 мигранти
Тунис, 18 јули 2022 (МИА) - Туниската крајбрежна стража денеска соопшти дека осуетила 37 обиди на мигрантите да ја преминат морската граница и спасила 455 мигранти за време на неколку операции во текот на ноќта кај северниот, источниот и јужниот брег на земјата. Од 455 спасени мигранти, 289 се од потсахарските држави, а другите се државјани на Тунис. Според туниски извори, минатата година 15.671 мигрант успеале да пристигнат до Италија од тунискиот брег, а во 2020 година нивниот број изнесувал 12.883. Италија е една од главните влезни точки во Европа за мигрантите од Северна Африка, кои главно пристигнуваат од Тунис и Либија. ми/

Остани поврзан