• понеделник, 23 декември 2024

Тужби за сите кои тврдат дека го користел израелскиот шпионски софтвер Пегаз

Тужби за сите кои тврдат дека го користел израелскиот шпионски софтвер Пегаз
Рабат, 21 јули 2021 (МИА) – Мароко денеска се закани со судски тужби против оние кои ја обвинуваат власта дека го користела израелскиот софтвер Пегаз за шпионирање новинари, активисти и политичари. Властите во Рабат повторно категорично ги отфрлија обвинувањата, оценувајќи ги како лажни и неосновани, при тоа потенцирајќи  дека ќе започнат „судска постапка во Мароко и во странство против секој што ќе ги преземе таквите лажни обвинувања“. Мароканската Влада и во понеделникот и денеска ги демантираше информациите дека е меѓу земјите што користеле шпионски софтвер истакнувајќи оти ја осудува кампањата на „лажните и злонамерните медиуми“. Францускиот весник „Монд“, член на медиумскиот конзорциум, во вторникот објави дека францускиот претседател Емануел Макрон е на списокот на потенцијални цели на шпионажа преку Пегаз. Според тие информации, за тоа наводно е одговорна мароканската служба за безбедност. Претходно, Вашингтон пост објави дека мароканските безбедносни служби во 2019 година ги следеле претседателот на Европски Совет, Шарл Мишел, додека ја извршуваше функцијата премиер на Белгија. Но, мароканските служби ги следеле и кралот Мохамед Шести и премиерот Саад ал Дин ал Османи. ми/

Остани поврзан