• петок, 05 декември 2025

Тугар: Уставот на Нигерија не толерира прогон врз верска основа

Тугар: Уставот на Нигерија не толерира прогон врз верска основа

Абуџа, 4 ноември 2025 (МИА) – Уставот на  Нигерија не толерира прогон врз верска основа, уверуваше  денеска шефот на дипломатијата на оваа земја, Јусуф Тугар, цитиран од француските медиуми.

Тој ја даде оваа изјава како одговор на заканата за воена интервенција од САД во одбрана на христијанското население во оваа западноафриканска земја, што вчера беше упатена од претседателот Доналд Трамп.

„Се водиме од тоа што го вели нашиот Устав по прашањето за верските слободи, а во него се наведува дека никаков верски прогон не може да биде поддржан на кој било начин од федералните, регионалните или локалните власти - тоа е невозможно“, рече Тугар како одговор на новинарско прашање за време на посетата на Германија.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан