• понеделник, 12 јануари 2026

Туадера освои трет мандат на претседателските избори во Централноафриканската Република

Туадера освои трет мандат на претседателските избори во Централноафриканската Република

Банги, 6 јануари 2026 (МИА) - Актуелниот претседател на Централноафриканската Република, Фаустен-Арчаж Туадера, обезбеди апсолутно мнозинство на претседателските избори одржани на 28 декември, бидејќи освои 76,15 проценти од гласовите и обезбеди трет мандат, објави синоќа Изборната комисија таму прелиминарните резултати.

Туадера освои 76,15 проценти од гласовите, пред поранешните премиери Анисе-Жорж Дологеле (14,66 проценти) и Анри-Мари Дондра (3,19 проценти), изјави шефот на изборната комисија, Матијас Моруба, објавија француските медиуми.

Излезноста на гласачите беше 52,42 проценти.

Пред објавувањето на резултатите, Дологеле и Дондра изразија сомнежи во веродостојноста на изборите, обвинувајќи за изборна измама.

Владата на Туадера ги негираше обвинувањата.

Уставниот суд е должен да ги разгледа сите потенцијални жалби, да одлучи за легалноста на изборите и да ги објави конечните резултати до 20 јануари.

Очекуваната победа на Туадера, кој е на власт од 2016 година, би ги зајакнала интересите на Русија, која потпиша бројни договори за соработка со официјален Бангуи. Русија вети безбедност на земјата во замена за пристап до нејзините природни ресурси како што се златото и дијамантите.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан