• понеделник, 20 мај 2024

Трпчески и пријателите низ Балканот со МАКЕДОНИСИМО

Трпчески и пријателите низ Балканот со МАКЕДОНИСИМО

Скопје, 23 октомври 2023 (МИА) - По концертите со Симфонискиот оркестар на Квебек во Канада на крајот од минатиот месец и гостувањата со рецитал во Мајнц, Германија, со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло во Монако и трите настапи со Симфонискиот оркестар на Детроит во овој американски град, нашиот пијанист Симон Трпчески, продолжува со балкански концерти на кои со своите пријатели ќе го изведе проектот МАКЕДОНИСИМО.

Трпчески, Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев денеска ќе настапат во Сомбор, Србија, утре во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, Хрватска, на 26 октомври се враќаат во Србија за гостувањето на Фестивалот НОМУС во Нови Сад, заокружувајќи ја серијата со концерт во Темишвар, Романија, на 28 овој месец.

Нашиот пијанист веќе наредниот месец е на турнеја во Австралија, а исполнетиот распоред до крајот на годинава, како што информира „КултурОп“, го води и на концертите со Лондонскиот симфониски оркестар и повторната соработка со прославениот диригент Џанандреа Нозеда. мч/мд/

 

Остани поврзан