• среда, 06 ноември 2024

Трпевска: Заедно со локалните самоуправи ги решаваме предизвиците во образованието и работиме на услови за поквалитетна настава

Трпевска: Заедно со локалните самоуправи ги решаваме предизвиците во образованието и работиме на услови за поквалитетна настава
10 ноември 2022 Државниот секретар во Министерството за образование и наука м-р Анета Трпевска, одржа работни состаноци со градоначалниците на општините Валандово и Крушево, на кои се разговараше за процесот на реконструкции и реновирања на училишните објекти во овие општини. - Со раководствата на двете општини покрај за темпото на изведување на градежните зафати, разговаравме и за образовниот процес. Од страна на единиците на локалната самоуправа, бев информирана за предизвиците со кои се соочуваат училиштата во период на економско-енергетска криза. МОН како надлежен орган за спроведување на образовните политики им стои на располагање на сите општини во Северна Македонија за заедничко изнаоѓање на решенија заради контиунирана и квалитетна настава, изјави Трпевска. Трпевска за време на посетата на општина Валандово, изврши увид во текот на реконструкцијата на ПОУ „Гоце Делчев“ во с. Пирава, каде со поддршка на Амбасадата на САД се вршат градежни зафати за подобрување на образованата инфраструктура и обезбедување услови за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес. Државниот секретар го посети и ПОУ „Кирил и Методиј“, во с. Пресил, крушевско, каде исто така во тек е реновирање и реконструкција на училишниот објект, со што учениците кои го посетуваат ова училиште ќе добијат современ и енергетски ефикасен објект. За време на посетата, државниот секретар беше придружуван од претставници на проектот за унапредување на основното образование финансиран од Светска банка и експертскиот тим од Naval Facility Engineering System Command (NAFVAC) договорен орган на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Министерство за образование и наука _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан