• понеделник, 02 март 2026

Тројца мртви, 58 повредени во ОАЕ од почетокот на иранските напади

Тројца мртви, 58 повредени во ОАЕ од почетокот на иранските напади

Дубаи, 1 март 2026 (МИА) - Три лица се убиени, а 58 други се повредени во ОАЕ откако Иран ја започна својата одмаздничка кампања во Заливот како одговор на нападите на САД и Израел, велат властите.

ОАЕ откриле 165 балистички ракети, уништувајќи 152, и пресретнале две крстосувачки ракети, соопшти Министерството за одбрана. Вкупно „откриени се 541 ирански дронови, од кои 506 беа пресретнати и уништени“, додава Министерството во соопштението.

Нападите резултираа со смрт на три лица од пакистанско, непалско и бангладешко државјанство, се вели во соопштението. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан