• сабота, 29 јуни 2024

Тројца загинати во Турција во хеликоптерска несреќа за време на гаснење пожар

Тројца загинати во Турција во хеликоптерска несреќа за време на гаснење пожар

Истанбул, 18 септември 2023 (МИА) - Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во западна Турција за време на гаснење шумски пожар, објавија денеска турските медиуми.

Според извештајот, хеликоптерот се урнал во саботата додека екипажот се обидувал да извади вода од браната во западниот град Измир.

Еден од четворицата патници е спасен и се наоѓа на лекување во болница. Телата на жртвите биле пронајдени во браната.

Нуркачите изутрината пронашле тело на длабочина од 12 метри, се вели во извештајот. Сега се обидуваат да ги извадат телата на површина.

Во меѓувреме, акцијата за гаснење на пожарот е во тек. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан