• петок, 05 декември 2025

Тројца загинати во експлозија на цистерна за гориво во Мексико Сити

Тројца загинати во експлозија на цистерна за гориво во Мексико Сити

Мексико Сити, 11 септември 2025 (МИА) - Три лица починаа од повредите откако вчера експлодираше цистерна за гориво во источен Мексико Сити, соопштија властите.

Експлозијата, која се случила додека возило се движело по мост во Изтапалапа, густо населена населба на мегалополисот, исто така повредила 70 лица, вклучувајќи неколку со изгореници од втор и трет степен, според изворот.

Најмалку 19 од повредените претрпеле изгореници од втор и трет степен. Повредените биле згрижени во блиските јавни болници, а експлозијата предизвикала и голема материјална штета. Снимките емитувани на телевизија и социјалните медиуми го покажаа моментот на експлозијата. Таа била моќна и произвела огромни пламени видливи од далеку.

На снимката се гледа жена како држи бебе со видливи повреди на рацете и лицето. 

-Од снимките од безбедносните камери знаеме дека луѓето гореле додека ги напуштале своите возила, изјави за новинарите Пабло Васкез, секретар за безбедност на главниот град.

Експлозијата оштетила и околу 28 возила, а обвинителите ја истражуваат причината. Цистерната, која превезувала речиси 50.000 литри гориво, се чини дека експлодирала откако се превртела на автопатот, изјави градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада. мс/

Остани поврзан