• недела, 22 декември 2024

Тропската бура „Франклин“ удри на бреговите на Доминиканската Република

Тропската бура „Франклин“ удри на бреговите на Доминиканската Република

Вашингтон, 23 август 2023 (МИА) - Тропската бура „Франклин“ удри утринава на бреговите на Доминиканската Република со потенцијално трагични последици за населението, а поради обилните дождoви и ненадејните поплави. 

Додека бурата се движи кон север низ оваа карипска држава, метереолзите објавија предупредувања за тропска бура кај јужните и северните брегови на островот Хиспаниола, јужниот брег на Хаити и на Туркс и Каикос. 

Заклучно 11 часот, ветриштата на Франклин достигнаа брзина од 65 километри на час, а бурата се движи на север со брзина од 20 км на час, според Националниот центар за урагани. 

Аеродромите на островот, популарна туристичка дестинација, се затворени, а околу 200 лица се наоѓаат во скривалишта. Затворени се училиштата, државните установи и најмалку 25 од 31 провинција на земјата се под црвен аларм.  

Над 40 аквадукти не работат со што погодени се 830.000 корисници, јавија дел од американските медиуми. кб/рп/ 

 

 

Остани поврзан