• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„Тркало на среќата и фантазијата“ на Рјусуке Хамагучи на 12 август во Кинотека

„Тркало на среќата и фантазијата“ на Рјусуке Хамагучи на 12 август во Кинотека
Скопје, 4 август 2022 (МИА) - Филмот „Тркало на среќата и фантазијата“ на Рјусуке Хамагучи на 12 август ќе се прикажува во Кинотека, информира јапонската Амбасада. 

Филмот раскажува три приказни за три женски ликови и ги следи односите меѓу нивните избори и каењето: неочекуван љубовен триаголник, неуспешна замка за заведување и средба која произлегува од едно недоразбирање.

Во 2021 година филмот освои „Сребрена мечка“ и истата година кинематографeрката Јукико Иока беше номинирана за „Камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. ац/

Остани поврзан