• понеделник, 23 декември 2024

Тркалезна маса во Куманово за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам

Тркалезна маса во Куманово за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам

Куманово, 25 септември 2023 (МИА) - Тркалезна маса за промовирање и имплементација на Националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, во организација на Национален комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и Мисијата на ОБСЕ – Скопје се одржа денеска во Куманово, информираа од Општината.

На дебататa присуствуваа претставници од општина Куманово, СВР Куманово, здруженија и невладини организации.

- Свое обраќање имаше претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска која го потенцираше постоењето на акцискиот тим во заедницата на локален совет за превенција, создаден врз основа на тестиран модел на „Мрежата на силни градови“ за локални структури, кои работат на превенирање на насилен екстремизам. Спречувањето на насилниот екстремизам бара учество на целото општество преку вклучување на државните институции, граѓанското општество и заедниците, наведуваат од општината.

На дебатата имаше и интерактивна дискусија во врска со соработката на централно и локално ниво. Дискусијата и препораките ќе обезбедат основа за успешна имплементација на новите национални стратегии. ам/мд/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан