• петок, 05 декември 2025

Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“

Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“

Скопје, 7 јуни 2025 (МИА) - Во организација на Интернационалната полициска организација во Македонија (ИПО) денеска ќе се одржува тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“. Мотото е „Безбедноста почнува од нас“.

На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат стручни лица од областа на безбедноста, претставници од Министерството за внатрешни работи, туристички агенции и делегации од меѓународни синдикални и полициски организации.

Според организаторот, целта е подигнување на свеста на чинителите во одлучноста и делувањето за безбедноста на луѓето за време на летото и летната сезона во 2025 година. мд/мч/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан