• сабота, 05 октомври 2024

Три ракети истрелани врз Зелената зона во Багдад

Три ракети истрелани врз Зелената зона во Багдад
Багдад, 21 јануари 2020 (МИА) - Три ракети од типот Качуша паднаа во Зелената зона во Багдад, соопштија неименувани извори од ирачката полиција. Ракетите се лансирани синоќа од багдадското предградие Зафаранија. Во Зелената зона сместени се повеќе ирачки институции и странски амбасади. Две од трите истрелани ракети паднале во близина на Амбасадата на САД. Се уште нема информации за евентуално настрадани или причинета материјална штета. ми/  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан