• понеделник, 23 декември 2024

Три од три за Алкалоид во ракометната Суперлигата

Три од три за Алкалоид во ракометната Суперлигата

Скопје, 24 септември 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид попладнево убедливо го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 42:29 и остана со максимален учинок по три одиграни натпревари сезонава во А-групата од Суперлигата.

 

Репрезентативците Марко Митев и Иван Џонов со по седум гола беа најефикасни во победничкиот тим.

 

Битолчани го претрпеа вториот пораз по три одиграни кола.

 

Вчера Охрид забележа гостинска победа над Куманово со 35:20.

Од оваа група денес играат и:
Скопје – Аеродром и
Тиквеш – Струга. зс/

 

 

Остани поврзан