Три милиони Белгијци засегнати од украдените податоци на Фејсбук
- Министерот за правда на Белгија, Винсент Ван Квикенборг денеска ги предупреди граѓаните дека во хакираните лица на Фејсбук има околу три милиони Белгијци и ги повика да бидат посебно внимател
Брисел, 6 април 2021 (МИА) - Министерот за правда на Белгија, Винсент Ван Квикенборг денеска ги предупреди граѓаните дека во хакираните лица на Фејсбук има околу три милиони Белгијци и ги повика да бидат посебно внимателни во наредниот период.
Пред два дена беше обелоденето дека пола милијарда луѓе во светот се жртва на масовно хакирање на социјалната мрежа Фејсбук.
Според белгиските власти 3,18 милиони граѓани на Белгија се меѓу жртвите. Стравот е дека целта на хакерите е да ги искористат податоците за измами на интернет и се повикуваат граѓаните да бидат екстремно внимателни.
Украдени се телефонски броеви, целосни имиња, адреси на живеење, датуми на раѓање, електронски адреси и други лични податоци, кои можат да бидат искористени за секакви измами.
Квикенборг, изјави дека во наредниот период се очекуваат обиди за „фишинг“.
- Внимавајте на сите мејлови, пораки и телефонски повици што може да ги добиете и кои ви бараат чувствителни информации како банкарски податоци и слично, истакна Квикенборг. тм/ми/