Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
- Три лица се полесно повредени во сообраќајка која се случила вечерва околу 18 часот на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Градошорци.
![Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш](https://new.mia.mk/images/20240527210826_big_730x400_35.webp )
Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Три лица се полесно повредени во сообраќајка која се случила вечерва околу 18 часот на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Градошорци.
Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е превртено.
На местото на сообраќајката увид изврши полицијата. Додека траеше увидот собраќајот се насочуваше по стариот пат на делницата меѓу селата Василево и Градошорци.лв/