• среда, 17 јули 2024

Три лица повредени во сообраќајката на патот Штип- Кочани

Три лица повредени во сообраќајката на патот Штип- Кочани
Штип, 19 октомври 2022 (МИА) - Во тешката сообраќајна несреќа, која синоќа се случи на патот Штип-Кочани повредени се три лица, од кои едно женско лице на возраст од 30 години од Штип со тешки телесни повреди е хоспитализирана во Клиничкиот центар во Скопје. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во несреќата, која се  случи кај Чифличка крстосница во 20:45 часот, повредени се  тројцата возачи, кои учествувале во несреќата. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека синоќа е примено женско лице, но веднаш со тешки телесни повреди е транспортирана во Клиничкиот центар во Скопје. Сообраќајот на оваа делница синоќа беше во прекин во двата правца, додека траеше увидот. Инаку, оваа крстосница е позната црна точка на патот Штип- Кочани. вдј/са/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан