• понеделник, 04 ноември 2024

Три лица загинаа, петмина се повредени во рускиот напад на областа Херсон

Три лица загинаа, петмина се повредени во рускиот напад на областа Херсон

Киев, 23 ноември 2023 (МИА) - Три лица загинаа, а петмина се повредени во руски напад врз украинската област Херсон, соопштија денеска локалните власти.

Според извештаите, во нападот на градот Берислав загинал еден велосипедист, додека во друг случај, загинале маж и жена.

Руските трупи го напуштија Херсон и западниот брег на реката Днепар на крајот на минатата година, но сега редовно ги гранатираат тие области од позициите на источниот брег. ссм/

фото: архива

Остани поврзан