• вторник, 19 ноември 2024

Три лица загинаа во Украина во руските напади во регионите Дњепропетровск, Херсон и Доњецк

Три лица загинаа во Украина во руските напади во регионите Дњепропетровск, Херсон и Доњецк

Киев, 9 март 2024 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а тројца се ранети во руско гранатирање во областите Дњепропетровск, Херсон и Доњецк во источна и јужна Украина, објавија локалните власти, пренесе БТА.

Во киевското село Олгивка, на брегот на реката Днепар, 58-годишна жена загина од артилериски оган, а 49-годишен маж е ранет, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Седумгодишно момче е повредено за време на ракетен напад во близина на станбена зграда во областа Корабелни во градот Херсон, регионален главен град на истоимениот регион, над кој украинската армија ја врати контролата есента 2022 година. 

Според украинското Министерство за внатрешни работи, руското артилериско гранатирање започна на север против градот Червоногригоривка, во близина на Никопол, во областа Дњепропетровск.

Таму биле погодени двајца браќа на возраст од 16 и 22 години.

-Помладиот починал од здобиените рани, а постариот со тешки повреди е пренесен во болница. Лекарите се борат за неговиот живот, соопшти Министерството.

Во областа Доњецк на исток, која е предмет на постојани судири меѓу двете армии, 46-годишен маж загина во гранатирање во градот Часов Јар, изјави началникот на регионалната воена администрација, Вадим Филашкин.

Претходно, тој објави дека речиси 200 луѓе, меѓу кои 21 дете, биле евакуирани од селата во близина на фронтот поради тековните интензивни борби. Руската војска во февруари го зазеде градот-тврдина Аведеевка во оваа област и таму ја продолжува својата офанзива.

Од своја страна, украинските воздухопловни сили известија дека денеска собориле 12 од вкупно 15 ирански беспилотни летала „Шахед“ испратени од Русија во регионите Доњецк, Дњепропетровск и Полтава. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан